Бадијала Саудијците фрлија тон пари за фудбалски ѕвезди кога нема ниту 1.000 навивачи на трибини

Екипите од Саудиска Арабија направија бум во летниот преоден рок, фрлија повеќе од милијарда евра за носење на фудбалски ѕвезди како Нејмар, Бензема, Митровиќ, Фирмињо, како и Кристијано Роналдо шест месеци порано, но имаат огромен проблем со слабиот интерес кај навивачите и празните трибини.

Иако цените на влезниците за навивачите се доста ниски, трибините зјаат празни, а најдобар доказ е мечот на тимот кој го предводи легендарниот Стивен Џерард, Ал-Етифак. Имено, дуелот меѓу Ал-Етифак и Ал-Ријад го следеле само 696 навивачи.

На социјалните мрежи веднаш почнаа да тераат сеир со Саудијците, а англиските медиуми открија дека на меч од осмата лига меѓу Клитеро и Њукасл таун имало повеќе гледачи од дуелот на Ал-Етифак, 702.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести