10.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Баер го има „лекот“ за Борусија, многу голови се очекуваат во Њукасл

1807 Борусија Менхенгладбах – Баер Леверкузен (18:30 ч.)

Борусија е едно од разочарувањата и тимот кога игра во Менхенгладбах на свој терен освои само девет бода во 10 меча што е најлош биланс, додека Баер Леверкузен е одличен на гости со пет победи едно реми и три порази.

Традицијата кога играат овие два клуба е многу на страната на Баер Леверкузен затоа што Фармацевтите имаат девет победи и три реми во последните 12 пресметки со Борусија М.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.06)

 

1305 Реал Сосиедад – Елче (21 ч.)

Сосиедад е тим кој влезе во одличен ритам и на последните девет меча во сите натпреварувања е без пораз (шест победи и три реми). Сосиедад успеа дома да ја победи и Барселона, па јасно е дека сега е голем фаворит против Елче.

Ако Сосиедад нема пораз во 2026 година, Елче нема победа. Во шест меча има четири порази и две реми.

Предлог тип: 1-1&3+ (4.05)

 

3003 Фиорентина – Торино (20:45 ч.)

Во многу незавидна ситуација е Фиорентина. Во 23 меча, тимот од Фиренца има само три победи и затоа е во зоната за испаѓање. Сега за противник го има Торино, екипа која нареди четири порази во последните пет кола.

Тоа што е заедничко за Фиорентина и Торино е дека имаат очајни дефанзивни линии и тоа се две од четирите најслаби одбрани во лигата, но традицијата вели дека на последните пет меѓусебни дуели немало повеќе од два гола (четири пати било со максимум еден погодок).

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.25)

 

1008 Њукасл – Брентфорд (18:30 ч.)

Голем ќе биде предизвикот за Њукасл, затоа што Брентфорд е едно од најпријатните изненадувања во Премиер лигата. Проблем за Њукасл е што влезе во лоша и на последните седум средби има само една победа.

Традицијата вели дека на последните пет меѓусебни дуели секогаш било со многу погодоци на двете страни, на последните девет меча секогаш имало победник, што е само потврда дека ќе се игра без многу калкулации.

Предлог тип: ГГ3+ (2.00)

 

2204 Ференцварош – Ујпешт (17 ч.)

Традицијата покажува дека Ференцварш има неверојатна доминација во дуелите со Ујпешт и има 19 победи и две реми во последните 21 средби. Повеќе од 30 меча, Ујпешт чека да се израдува на триумф против овој ривал, но многу веројатно е дека тоа нема да биде денеска.

Во унгарското првенство најчесто нема многу голови на натпреварите, па Ференцварош и со еден поптег може да стигне до трите бода.

Предлог тип: 1&0-3 (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести