Баер Леверкузен е лидерот на табелата во Бундеслигата по првиот дел од сезоната. Фарнацевтите во тежок меч победија на гости кај Аугсбург со 1:0 и тоа благодарение на погодокот постигнат во 90+4 минута.
Паласиос погоди за голема радост на гостите, гол кој им ја донесе „титулата на полусезона“. Баер Леверкузен по 17 одиграни кола има 14 победи и само три нерешени без ниту еден пораз. Зад нив е Баерн Минхен кој има 41 бодови, но и меч помалку.
Со 45 освоени бодови, Баер Леверкузен ја има најдобрата полусезона во клупската историја, а ова е и трет најдобар резултат, односно најмногу освоени бодови за еден тим по првиот дел од сезоната. Подобри од овој скор на Леверкузен имал само Баерн и тоа во сезоните 2013/14 кога на полусезоната имаа освоено 47 бодови, а Баварците во првата полусезона од 2015/16 завршија со 46 бодови. Баерн исто така имал 45 освоени бодови во полусезоната од 2014/15. Во сите тие сезони Баерн на крајот бил и првак.