Мајнц со пресврт во второто полувреме стигна до победа над Баер Леверкузен од 3:2, во првиот меч од 23. коло во Бундеслигата. Гостите кои имаа четири победи во низа, беа фаворити и први постигнаа гол.
Патрик Шик даде гол во 35 минута што е 20-ти погодок за чешкиот репрезентативец сезонава. Баер Леверкузен немал фудбалер со 20+ погодоци во една сезона во последните девет години. Шик е само вториот фудбалер сезонава во Топ 5 лигите, по Роберт Левандовски со 20+ погодоци сезонава.
Сепак, Баерн во вториот дел не само што не ја задржа предноста, туку и загуби. Мајнц израмни на 1:1 преку Мартин, а гостите повторно се радуваа на предност од 1:2 со погодокот на Аларио.
Се чинеше дека Баер ќе победи, но Мајнц имаше фуриозен финиш. Во 84 минута домаќините израмнија на 2:2, а во 88 минута со голот на Ингвартсен направи целосен пресврт и домаќините победија со 3:2.