Баер Леверкузен летово го ангажираше Ерик тен Хаг, но по само две кола реши да го избрка овој тренер. Во првите две кола Баер Леверкузен имаше пораз и реми, а сега откако Тен Хаг си замина, Фармацевтите стигнаа до прва победа.
Баер на свој терен со 3:1 славеше над Ајнтрахт Франкфурт. Гримално и Патрик Шик од пенал погодија за водство на Баер од 2:0 на полувреме. Узун намали на 1:2 во 52 минута, а потоа од 59 минута тимот од Леверкузен остана со играч помалку по исклучувањето на Андрих. Баер и со фудбалер помалку, во 90+8 минута стигна до трет гол за победа од 3:1.
Во Франција, Олимпик Марсеј убедливо со 4:0 славеше над Лориент, во меч од четвртото коло. Гостите останаа со играч помалку откако по само 10 минути останаа со играч помалку по исклучувањето на Јонгва.
Потоа Гринвуд погоди од пенал за 1:0, а до крајот на првото полувреме погодуваа и Павар и Гомес за Олимпик Марсеј. Четвртиот гол на домаќините беше постигнат буквално во последните моменти од мечот.