32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Баер Леверкузен го пронајде наследникот на Флоријан Вирц

Германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен официјално го потврди трансферот на Ибрахим Маза, млад и талентиран играч од Херта Берлин. Алжирскиот репрезентативец потпиша договор до летото 2030 година, кој ќе стапи на сила од следната сезона.


Фармацевтите ќе платат околу 12 милиони евра за неговите права. Германските медиуми веќе го гледаат како долгорочен наследник на Флоријан Вирц, првата ѕвезда на Баер Леверкузен, кој е желба на најголемите европски клубови и можеби уште ова лето ќе го напушти клубот.

Маза, кој е роден во Берлин, оваа сезона одигра 33 натпревари за Херта во сите натпреварувања, постигнувајќи седум голови и забележувајќи пет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести