Интересот на Баер Леверкузен за младиот турски офанзивец Арда Ѓулер повторно е актуелен. Според информации од фудбалскиот инсајдер Флоријан Плетенберг, актуелниот шампион на Бундеслигата и освојувач на германскиот Куп внимателно ја следи ситуацијата со талентираниот играч, кој минатата година за 20 милиони евра премина од Фенербахче во Реал Мадрид.
Ѓулер, кој беше наречен наследник на Лука Модриќ во шпанските медиуми, досега не доби значајна минутажа под водство на Карло Анчелоти.
Во сезоната 2023/24 тој одигра 12 натпревари (440 минути) и постигна шест гола. Во тековната сезона, на 17 натпревари (575 минути) забележа еден гол и една асистенција.
Реал Мадрид не планира да го пушти Гулер во зимскиот преоден рок, но летната трансфер-ситуација би можела да биде поинаква. Ако пристигне понуда од клуб кој гарантира редовна минутажа, младиот фудбалер би можело да биде испратен на позајмица.
Баер Леверкузен, кој веќе контактирал со семејството и менаџерите на Ѓулер, е заинтересиран за негова позајмица. Сепак, досега немало официјални разговори со раководството на Реал Мадрид.
Ѓулер има договор со Кралевите до летото 2029 година, а неговата вредност на трансфер-пазарот изнесува околу 45 милиони евра.