Екипата на Баер Леверкузен е освојувач на трофејот во Купот на Германија. Во финалето одиграно на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, пред повеќе од 74.000 гледачи, Баер славеше минимално со 1:0 против Кајзерслаутерн.
Гранит Џака во 16 минута даде гол, а на крајот се покажа дека тој погодок е доволен за нов пехар за Баер Леверкузен. Второлигашот Кајзерслаутерн направи неколку изненадувања и стигна до финалето, но немаше сили за уште едно чудо и да стигне до трофејот.
Пред крајот на првиот дел, Баер остана со фудбалер помалку по добиениот црвен картон. Иако Кајзерслаутерн имаше бројчана предност на теренот, сепак доминираше Баер. Новиот првак на Германија создаваше шанси, ја имаше контролата на топката и на крајот заслужено стигна до победата.
Со оваа победа Баер Леверкузен стана шестиот клуб во германскиот фудбал што стигнал до двојна круна, односно да се радува на трофеите во првенството и во Купот. Единствен неуспех за Фармацевтите остана Лигата на Европа каде играа во финалето, но загубија од Аталанта со 3:0.