15.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Баер Леверкузен ја загуби магијата која ја имаше минатата сезона

Баер Леверкузен и Штутгарт одиграа 0-0 во дерби дуел на германската фудбалска Бундеслига, а ова беше меч кој потврди дека Аспирините ја немаат магијата од минатата сезона кога добиваа вакви мечеви со голови во завршните моменти.

Вечерва напаѓачите на Баер никако не успеваа да го совладаат голманот Нубел кој блескаше на голот со неколку интервенции.

За тимот од Леверкузен ова е дури четврти реми сезонава во деветтиот настап, па имаат четири бода негатива зад Баерн Минхен кој има и меч помалку, па ако Баварците утре го совладаат Унион Берлин, ќе му побегнат на Леверкузен на седум бодови разлика.

- Оглас -

Најнови вести