Шампионот Баер Леверкузен е освојувач на Суперкупот на Германија, откако на пенали го совлада Штутгарт со 4-2. По регуларниот тек, мечот заврши 2-2, првакот се спаси во 88.минута, а играше со фудбалер помалку од 37.минута поради исклучувањето на Мартин Терие.
Баер Леверкузен додаде уште еден трофеј по ланската двојна круна во Германија. Виктор Бонифејс во 11.минута донесе водство за Баер, но четири минути подоцна израмни Енцо Милот.
Пред крајот на првиот дел Баер Леверкузен остана со фудбалер помалку, а Дениз Ундав тоа го искористи во 63.минута. Сепак, Баер Леверкузен не се предаде и со играч помалку, а Патрик Шик донесе израмнување во 88.минута.
На пенали, Храдецки го одбрани ударот на Крациг, а Силас шутираше над голот, па Баер Леверкузен славеше со 4-2.