Екипите на Штутгарт и Баер Леверкузен одиграа 1:1 во еден од најинтересните мечеви во 14-то коло во Бундеслигата.
Баер и со ремито остана на лидерската позиција со 36 бода, четири повеќе од Баерн Минхен, додека Штутгарт е трет со 31 освоен бод.
Фармацевтите исто така ја продолжија неверојатната серија без пораз сезонава, имаат 11 победи и три ремија во Бундеслигата, пет победи од пет меча во Лигата на Европа и три победи во германскиот Куп и дојдоа на само два меча од апсолутниот германски рекорд.
Штутгарт кој исто така и пријатно изненадување во Бундеслигата поведе со голот на Фухрих во 40-та минута, но Фармацевтите на стартот од вториот дел благодарение на голот на Флоријан Вирц дојдоа до реми.