Баер Леверкузен нема да си дозволи луксуз и да загуби уште едно финале, Сити ќе биде ефикасен, Милан сигурно победува (Фото)

1091 – Манчестер с. – Манчестер ј. (16:00)

Фудбалерите на Манчестер сити со серија од седум победи во низа влегуваат во финалето од англискиот ФА куп против градскиот ривал Манчестер јунајтед. „Граѓаните“ последен пат загубија од Реал, но на пенали, а тој меч заврши нерешено во регуларното време и после продолженијата, па нивната серија без пораз трае од 10-ти декември минатата година или 35 натпревари во низа. Во меѓусебните дуели, последните шест завршуваа со најмалку три гола, а само еден од нив не беше „гол-гол“.

Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (1.89)

 

1306 – Реал М. – Бетис (21:00)

Реал Мадрид веќе ја освои шампионската титула во Шпанија, па дуелот против Бетис е без резултатско значење и ќе биде повеќе ревијален за публиката. Тоа значи дека и двете екипи влегуваат опуштено и може да се очекуваат голови во двете мрежи, но и два од последните три меѓусебни дуели на Реал и Бетис завршуваа „гол-гол“, а „кралевите“ на последните шест меча играат 3+.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II  (2.00)

 

3007 – Јувентус – Монца (18:00)

Резултатско значење нема ниту дуелот помеѓу Јувентус и Монца, кој ќе биде убава можност за публиката на „Алијанц“ во Торино да види ефикасен фудбал. Два од последните натпревари на овие две екипи заврши со 3+ голови, додека на оној на кој немаше три гола, беа постигнати два. Три од последните четири натпревари на кои настапи Јувентус завршуваа со најмалку два гола.

Предлог тип: : 1-3I&1-3II (1.82)

 

3001 – Милан – Салернитана (20:45)

Последнопласираната Салернитана е убава шанса за фудбалерите на Милан да ја завршат сезоната со убедлива победа на домашен терен. „Црвено-црните“ од Милан ќе бидат вицешампиони, додека гостите од поодамна се испаднати во Серија Б. Последните три натпревари на Милан завршија со по најмалку четири гола, додека Салернитана нема победа во 2024-тата година, а последен пат победија на 30-ти декември минатата година.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.63)

 

1898 – Кајзерслаутерн – Баер Л. (20:00)

После загубеното финале во Лигата на Европа, екипата на Баер Леверкузен нема да си дозволи таков луксуз и да загуби уште едно финале, овој пат она германското, каде за противник го има второлигашот Кајзерслаутерн. „Фармацевтите“ на четири од последните пет натпревари во сите натпреварувања примија барем по еден гол, а единствено екипата на Бохум не успеа да ја затресе нивната мрежа.

Предлог тип: 2 & ГГ (2.35)

- Оглас -

Најнови вести