Баер Леверкузен остана без Флоријан Вирц во наредните неколку недели

Германскиот првак Баер Леверкузен ќе мора да се справи без Флоријан Вирц во следниот период. Германскиот репрезентативец се здоби со повреда на десниот глужд на натпреварот против Вердер (0-2) во саботата.


Дваесет и едногодишниот фудбалер ќе биде надвор од терените неколку недели.

Вирц влезе на почетокот на вториот дел, но по еден груб фаул го напушти теренот во 59-тата минута.

„Флоријан Вирц во овој дел од сезоната секако ќе ни недостасува, но ќе го надоместиме со силниот тимски дух. Добро го познаваме Флоријан и знаеме дека ќе се врати што побрзо. Сите ќе го поддржиме во тоа. Очекуваме да биде во топ форма за крајот на сезоната“, изјави Симон Ролфес, извршниот спортски директор на Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести