14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Баер Леверкузен остана без важен играч до крајот на годината

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Мароканецот Амин Адли, се повреди на натпреварот против Брест во Лигата на шампионите и ќе мора да му биде извршена оперирација, поради што нема да игра до крајот на годината, соопшти актуелниот германски првак.

Крилниот играч Адли (24) во средата ја пукна коската на потколеницата на левата нога за време на натпреварот против Брест (1-1).

Адли, кој игра и за мароканската фудбалска репрезентација, влезе како замена во второто полувреме и помина 18 минути на теренот пред да се повреди. Тој учествуваше на сите 11 официјални натпревари на Баер Леверкузен од почетокот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести