Баер Леверкузен по продолжување на серијата без пораз, Валвијк и Волендам 20 години играат „гол-гол“ (Фото)

1801 – Баер Леверкузен  – Келн (20:30)

„Фармацевтите“ од Леверкузен водат битка за пласман во фудбалска Европа, а нивниот денешен противник, екипата на Келн, навидум е на сигурна позиција во средината на табелата. Баер има неверојатна серија од 14 натпревари без пораз во сите натпреварувања и нема загубено меч повеќе од два и пол месеци. Осум од последните девет натпревари помеѓу овие две екипи на кои Баер бил домаќин завршиле најмалку со три погодоци, а последен пат одиграле 0-0 во 2010 година.

Предлог тип: 1 & 3+  (2.35)

 

3141 – Шибеник – Вараждин (18:00)

Екипата на Шибеник е во незавидна ситуација на табелата и во голема борба со Горица за опстанок во хрватското првенство. Победата на денешниот дуел против Вараждин на домашен терен е императив за нив, но таа нема да биде изразена со повеќе од три гола на целиот натпревар. Традицијата на овие две екипи кога играат на „Шубичевац“ вели дека на последните 10 натпревари не се постигнати повеќе од три гола, а така последен пат не било од 2007 година, кога Шибеник победил со 4-3.

Предлог тип: 1 & 0-3 (3.00)

 

1812 – Хамбургер – Падерборн (18:30)

Екипата на Хамбургер е многу блиску до враќање во германската Бундеслига, но за тоа ќе ѝ биде потребен добар резултат на денешниот натпревар против Падерборн, екипата која е на четвртата позиција и сè уште се надева дека може да стигне до баражот. Последните шест натпревари помеѓу овие две екипи се многу ефикасни и завршувале со „гол-гол“.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.05)

 

1630 – РКЦ Валвијк – Волендам (20:00)

На четири кола пред крајот на холандското првенство, екипата на Валвијк води битка да го фати последниот воз за плејофот за излез во фудбалска Европа. Нивниот денешен противник, екипата на Волендам е во долниот од табелата и домашните секако дека влегуваат како фаворити во овој дуел. Историјата на дуелите на стадионот „Мандемакерс“ во Валвијк вели дека овие две екипи играат „гол-гол“ на сите натпревари во последните 20 години, односно една од екипите не постигнала гол само во далечната 2003 година, кога Валвијк победил со 3-0.

Предлог тип: 1 & ГГ (3.20)

 

2431 – Волунтари – Миовени (16:30)

Дуел од романското првенство, од групата за опстанок, во кој домашните се многу блиску не само да го обезбедат опстанокот туку и да се борат за излез во фудбалска Европа. Нивниот противник, екипата на Миовени, веќе одамна е испадната и игра само парадна улога во првенството. Се очекува Волунтари со висока и убедлива победа да го потврди опстанокот и посериозно да се вмеша во борбата за опстанок. Серијата на домашните е дури 10 натпревари по ред без пораз, а таа ќе продолжи и денес, по дуелот против Миовени, кој ги загуби последните седум натпревари. Овие две екипи оваа сезона веќе одиграа два натпревари кои ги доби Волунтари со 3-0 и 3-1.

Предлог тип: 1 & Т1 3+ (2.16)

- Оглас -

Најнови вести