29.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Баер Леверкузен само по два месеца му даде отказ на Ерик тен Хаг

Германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен се раздели со новиот тренер Ерик тен Хаг само по два месеца соработка. Клубот потврди дека го прекинува договорот со холандскиот стратег, кој беше поставен на клупата од 1 јули.

Одлуката доаѓа по слаб старт на тимот во Бундеслигата, пораз дома од Хофенхајм по пресврт и реми 3-3 на гостувањето кај Вердер, каде што Баер Леверкузен прокоцка предност од два гола, иако речиси половина час играше со играч повеќе.

Баер Леверкузен минува низ големи промени, се раздели со неколку навистина големи ѕвезди и доведе речиси десетина нови фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести