Баер Леверкузен подготви нов договор за тренерот Чаби Алонсо

Германскиот првак Баер Леверкузен е решен по секоја цена да го задржи тренерот Чаби Алонсо на клупата и му подготвил нов, значително подобрен договор, во обид да го одврати од можен премин во Реал Мадрид.

Фармацевтите сакаат да го осигураат останувањето на стратегот кој ја донесе првата историска титула во Бундеслигата, па му понудиле нов договор до 2028 година, со зголемување на платата за речиси 70 проценти.

Иако се шпекулира дека Алонсо е прв избор за наследник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, оваа ситуација би можела да донесе пресврт, па младиот тренер да продолжи да ја гради својата кариера во Германија.

Чаби Алонсо повеќепати истакна дека неговата работа во Баер Леверкузен не е завршена со освојување на првите трофеи, што ги охрабрува навивачите кои би сакале да го гледаат на клупата уште најмалку две до три години.

- Оглас -

Најнови вести