Баер Леверкузен се „сопна“ пред своја публика, Хофенхајм ја спаси честа на домашните екипи

Баер Леверкузен киксна на домашен терен и одигра само 0-0 против Унион Берлин, па сега ја намали предноста на Баерн Минхен на пет бода, но „баварците“ во 18:30 ја пречекуваат Борусија Дортмунд во дербито на Германија и може да се одлепат на плус осум на пет кола пред крајот на првенството.

Она што е интересно, на петте меча победи само една домашна екипа, Хофенхајм, и тоа со 2-0 над Мајнц. На сите останати натпревари, гостинските екипи останаа непоразени. Фрајбург, Аугсбург и Ст. Паули се радуваа како гости и не им дозволија на домашните екипи да освојат ниту бод.

Резултати:

Борусија Менхенгладбах – Фрајбург 1-2
Баер Леверкузен – Унион Берлин 0-0
Бохум – Аугсбург 1-2
Хофенхајм – Мајнц 2-0
Холштен Кил – Ст. Паули 1-2

- Оглас -

Најнови вести