1008 Ливерпул – Фулам (15.00 часот)
Ливерпул е перфектен на домашен терен, победи на сите шест меча во Премиер лигата, а за тоа колку е доминантен најдобро покажува податокот дека сите триумфи се изразени со два или повеќе гола разлика. Од друга страна, Фулам има само една победа на гости сезонава во Премиер лигата. Иако Фулам славеше на „Енфилд“ пред две сезони, Ливерпул сега е апсолутен фаворит и се освен убедлива победа, ќе претставува изненадување.
Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.97)
1309 Севиља – Виљареал (18.30 часот)
Севиља игра очајно сезонава и тимот кој настапува во ЛШ, се наоѓа на 15-то место со само 12 освоени бодови, четири повеќе од опасната зона. Ниту Виљареал не е нешто подобар, има само три бода повеќе, но со доаѓањето на Марселињо на клупата, Жолтата подморница оствари три победи и најави подобри времиња. И двата тима примаат и даваат голови, Севиља има гол-разлика 19:19, а Виљареал 21:25, а згора на тоа на последните три меѓусебни дуели беше ГГ.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.01)
3612 Наполи – Интер (20.45 часот)
Ова е дерби на колото во Серија А. Наполи поради неубедливите игри го смени тренерот Руди Гарсија и по една деценија се врати Валтер Мацари кој негува офанзивен фудбал. Тоа го покажа со победата од 2:1 на дебито против Аталанта, а од Реал Мадрид во ЛШ загуби со 4:2. Интер пак второ коло по ред игра големо дерби и тоа на гости. Минатиот викенд одигра 1:1 против Јувентус, а тренерот Симоне Инзаги во средата и мечот од ЛШ против Бенфика (3:3) ги одмораше дел од најдобрите играчи токму поради вечерашниот натпревар. Последните шест меѓусебни дуели кои се играле во Неапол, завршиле ГГ, а последен пат немало голови во 2017 година.
Предлог тип: ГГ прво/второ (2.03)
1360 Барселона – Атлетико М. (21.00 часот)
Барселона во последно време има проблеми со реализацијата и последен пат кога постигнала три или повеќе голови беше на 23 септември против Селта (3:1). Атлетико игра се подобро, на последните 14 меча во сите натпреварувања, забележа само еден пораз и тоа од Лас Палмас и ја прескокна Барселона на табелата. Згора на тоа, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне негува подефанзивен фудбал, посебно кога игра големи дерби мечеви. Каталонскиот тим ја има традицијата на своја страна кога игра на домашен терен, во последните десет години има само еден пораз од Атлетико и по осум победи и ремија.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.19)
1808 Баер Л. – Борусија Д. (18.45 часот)
Чаби Алонсо прави чуда со Баер Леверкузен кој е тим кој игра неверојатно сезонава. Шпанецот направи вистинска машинерија од Баер кој сезонава на официјалните мечеви има само едно реми со Баерн Минхен на гости (1:1) и дури 19 победи во сите натпреварувања. Борусија во вторникот со победата над Милан на „Сан Сиро“ си ги реши дилемите во ЛШ и обезбеди пласман во осминафиналето, и иако славеше на последните два меча на „Бај арената“, денеска за сè ќе се прашуваат фудбалерите на Чаби Алонсо кои во Бундеслигата постигнуваат по три гола по натпревар.
Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (2.15)