Баер Леверкузен со нова клаузула за продажбата на Флоријан Вирц

Баер Леверкузен е свесен дека во одреден момент ќе мора да го продаде Флоријан Вирц, но германскиот клуб направи стратегија која им оди во прилог и на играчот и на клубот.

Според најновите информации, Баер Леверкузен му понудил нов договор на Вирц до 2028 година со значително зголемена плата, но и со специјална излезна клаузула од 125 милиони евра. Сепак, оваа клаузула ќе биде активна дури од летото 2026 година.

Баерн Минхен е клубот кој најмногу покажува интерес за Флоријан Вирц, со намера да го спои со Џамал Мусијала и да изгради нов моќен германски тандем за наредната декада. Но, 21-годишниот играч за врска не е решен по секоја цена да премине во Минхен.

Негов омилен клуб од детството е Барселона, што би можело да има значење во иднина, но Реал Мадрид исто така е потенцијална дестинација. Освен тоа, Манчестер сити е најсериозниот кандидат од Премиер лигата, покажувајќи голем интерес за младиот германски ас.

- Оглас -

Најнови вести