31.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Баер одигра шампионски, Елмас остана на клупата во домашниот кикс на Лајпциг (Видео)

Голем кикс на фудбалерите на Лајпциг, кои на домашен терен не успеаја да го победат Унион Берлин и одиграа само 0-0, со што само го расипаа максималниот ефект кој го имаа на стартот од Бундес лигата.

Нашиот репрезентативец, Елиф Елмас, мечот го гледаше од клупата за резерви и се уште ги чека првите бундеслигашки минути оваа сезона.

Баер Леверкузен после поразот од Лајпциг во претходното коло, им се врати на победите во Бундес лигата и покажа шампионска игра на гостувањето кај Хофенхајм. „Фармацевтите“ победија со убедливи 1-4, а победата ја најавија после само половина час игра. Терие и Вирц постигнаа по еден гол, додека Бонифаче двапати погоди во прежата на противникот.

Денешната бундеслигашка програма ќе ја затворат екипите на Холстен Кил и Баерн Минхен, а „баварците“ имаат шанса со победа да се искачат на врвот од табелата и да бидат единствената максимална екипа после три првенствени кола.

Резултати:

Борусија Менхенгладбах – Штутгарт 1-3
Фрајбург – Бохум 2-1
Хофенхајм – Баер Леверкузен 1-4
Лајпциг – Унион Берлин 0-0
Волфсбург – Ајнтрахт Франкфурт 1-2

- Оглас -

Најнови вести