Баер Леверкузен – Баерн Минхен (15:30 ч.)
Меч со голем влог за двете екипи. Баер е во мртва трка за четвртото место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона, додека Баерн со победа ќе биде само на чекор од одбрана на титулата. Фармацевтите играат на свој терен, но во Германија се покажа дека тоа не е и некоја предност.
Сепак домаќините се охрабрени посебно поради фактот дека се единствен клуб кој успеал на последните два меча да го победи Баерн. Есеноска Баер изненадувачки победи во Минхен со 2:1, а во 2019 година навивачите на Леверкузен се имаат радувано и на победа од 3:1.
Статистиката вели дека последните шест меча на овие клубови се богати со голови и завршувале гол-гол 3+, а дури на пет од тие шест натпревари имало и по четири или повеќе погодоци.
Предлог тип: ГГ 3+ (1.56)
Ајнтрахт – Мајнц (15:30 ч.)
Две екипи кои реално останување во лигата им е главна задача. Ајнтрахт покажа дека одлично е подготвен по двомесечната пауза, па освен очекуваниот пораз од Баерн, освои седум од можните девет преостанати бода. Тимот од Франкфурт покажа дека е расположен и за голови и на сите четири средби даде минимум два погодоци.
Мајнц е на последната позиција која носи опстанок во Бундеслигата, а гостите се надеваат на реприза од последните две средби против Ајнтрахт, кога победуваа. Сепак, моментната форма е на страна на домаќините.
Предлог тип: 1 (2.10)
Вараждин – Динамо Загреб (21:05 ч.)
Ова треба да биде игра на „мачка и глушец“. Шампионот без проблем треба да ги освои трите бода на ова гостување, иако малку нереално делува дека Динамо сезонава загуби на првото гостување кај Вараждин со 1:0. Модрите даваат просечно по два гола на гостински терен, а реално овојпат не би требало да има проблем да стигне до трите бода.
Очекуваме погодоци да има во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)
Либерец – Млада Болеслав (18 ч.)
Традицијата е многу јасна. Либерец победи на последните шест меча со овој ривал и едноставно треба да продолжи во ист ритам. Домаќините се во борба за висок пласман, а реално Млада Болеслав нема поголеми амбиции затоа што е сигурна на средината на табелата.
Либерец сезонава победи осум пати на свој терен во 13 средби, а гостите дури осум пати биле поразени од 13 меча на туѓ терен.
Предлог тип: 1 (1.60)
Шахтар – Десна (16 ч.)
Нема дилема дека Шахтар е голем фаворит на секој меч во Украина. Кога игра дома има 11 победи и едно реми во 12 средби, но интересно е што екипата на Десна е со најдобар биланс на гости сезонава. Кога овие два клуба се на терен, Шахтар секогаш победува и тоа без да прими гол, но интересно е што од петте победи, дури три се со 1:0, а две со 2:0, што најавува дека може да има борба и неизвесност.
Предлог тип: 1&0-3 (2.10)