Баер со провокација за Арсенал, но Артета вели дека знае што е потребно за победа на Топчиите

Арсенал имаше осум победи во осумте меча од групната фаза во Лигата на шампионите, но кога дојде нокаут-системот, одигра само 1:1 на гости во првиот меч против Баер во Леверкузен. Топчиите сега играат на свој терен и според сите параметри, се големи фаворити.

Арсенал е лидер во Премиер лигата со 70 бода, додека Баер е дури на шестото место во Бундеслигата само со 45 бода. И покрај тоа, бундеслигашот оди со егал во реваншот, а интересно е дека Фармацевтите на социјалните мрежи го провоцираа противникот.

Топчиите се познати по тоа дека нивен голем адут се прекините и головите постигнати по изведени корнери. Од Леверкузен го постираа тој дел од теренот каде што корнер-знаменцето целосно е тргнато од аголот од каде што треба да се изведе корнерот со натписот „така е подобро“.

Интересно е дека токму Баер Леверкузен на првиот меч даде гол од корнер против Арсенал.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека неговиот тим ќе дојде до посакуваниот триумф.

„Знаеме како треба да одиграме пред нашите навивачи и верувам дека ќе биде така. Многу фактори ќе влијаат, но верувам дека ние ќе играме во четвртфиналето. Имаме квалитет и тоа треба да го покажеме на теренот“, рече Артета во исчекување на денешниот меч.

- Оглас -

Најнови вести