Баерн Минхен не отстапува од целта да се засили на крилните позиции, а по пропаднатиот трансфер на Лирој Сане, сега повторно се обидуваат да го ангажираат Иван Перишиќ.
Хрватскиот интернационалец од Интер е голема желба на неговиот сонародник на кормилото на Баерн, Нико Ковач.
Перишиќ сака да си замине од редовите на италијанскиот гигант, а во Баерн сметаат дека тој би бил идеално засилување во летниот преоден рок.
Хрватот веќе има искуство со настапи во Бунедслигата, како член на Борусија Дортмунд од 2011 до 2013 година, а потоа две години играше и за Волфсбург од каде во 2015 година се пресели во Интер.