18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Баерн беше понижен од третолигаш во Купот, но прогнозерите веруват во негов триумф во најголемото германско дерби

Новото деветто коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку интересни мечеви од петте најсилни европски лиги, а најголем интерес предизвикуваат најголемото германско дерби, популарното „Дер Класикер“ меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, и дуелот од Премиер лигата меѓу Њукасл и Арсенал.

Баерн во средата беше понижен од третолигашот Сарбрикен во Купот на Германија (1:0), но голем дел од прогнозерите веруваат дека утре ќе слави на „Сигнал Идуна парк“. Оптимизмот на прогнозерите се должи на податокот дека во последните десет меѓусебни дуели, Баерн славел дури деветпати и само еднаш одиграл нерешено, и тоа минатата сезона.

Во победа на Баерн веруваат 68,81 отсто од прогнозерите, 20,20 отсто сметаат дека нема да има победник, а само 10,98 отсто ѝ даваат шанси на Борусија дека ќе ги освои трите бода.

Во второто големо дерби на деветтото коло на Спортска прогноза играат Њукасл и Арсенал и тука прогнозерите се поделени, односно нема фаворит. Од нив 26,94 отсто сметаат дека ќе победи Њукасл, 37,85 отсто дека ќе слави Арсенал, а 35,21 отсто дека нема да има победник.

Прогнозерите голема доверба имаат во победи на Келн над Аугсбург (79,14 отсто), на Нант над Ремс (73,57), како и на резервниот дуел меѓу Реал Сосиедад и Барселона, каде што дури 73,72 отсто веруваат во победа на каталонскиот тим.

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 14 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка, ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

Сони плејстејшн 5

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести