Баерн беше пред портите на финалето, но чудесниот пресврт на Хоселу го однесе Реал на „Вембли“ (Видео)

Екипата на Реал Мадрид е вториот финалист на Лигата на шампионите, откако после голема драма го совладаа Баерн Минхен со 2-1 на домашен терен. „Кралевите“ имаа негатива од 0-1 се до 88-мата минута, но тогаш на сцена стапи Хоселу кој со два гола направи пресврт и закажа финале против Борусија Дортмунд на „Вембли“ во Лондон.

Левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, со прекрасен погодок во 68-мата минута донесе предност за гостите и најави неизвесна завршница на „Сантијаго Бернабе“.

Напаѓачот на Реал Мадрид, Хоселу, во 88-мата минута израмни на 1-1 и веќе се наѕираа продолженија од двапати по 15 минути, но не беше така.

Само три минути подоцна, односно во 91-вата минута, Хоселу повторно се најде на вистинското место во вистинско време и донесе голем пресврт и победа за Реал Мадрид, вреден пласман во големото финале на Лигата на шампионите.

Финалето помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе се одигра на први јуни во 20 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести