Крилниот офанзивец на Баерн Минхен, Арјен Робен, не отпатува со остатокот од тимот за Амстердам во пресрет на дуелот со Ајакс. Искусниот Холанѓанец ќе го пропушти последниот дуел на „баварците“ во групната фаза од ЛШ, што воедно за него ќе значеше и враќање во родната земја.
Робен веќе извесно време се мачи со повреда на бутниот мускул, која го оневозможи да настапи на последните два првенствени мечеви против Вердер Бремен и Нирнберг. Засега не е познато колку ќе паузира, додека на неговата позиција треба да заигра закрепнатиот Кингсли Коман или, пак, Ковач ќе се одлучи да му даде шанса на Гнабри од првата минута.
Дуелот Ајакс – Баерн Минхен е предвиден за утре, со почеток од 21 часот.