Фудбалерите на Баерн Минхен ја започнаа 2026 година на најдобар можен начин, триумфирајќи над Волфсбург со убедливи 8-1 во 16-тото коло на Бундеслигата. Баварците остануваат сигурни лидери на табелата со 44 бода, дури 11 повеќе од Борусија Дортмунд, додека Волфсбург останува заглавен во долниот дел на табелата со само 15 бода.
Мечот почна експлозивно, веќе во петтата минута Фишер несреќно постигна автогол, отворајќи го резултатот за домаќините. Волфсбург одговори во 13-тата минута преку Џенан Пејчиновиќ, кој израмни на 1-1, но тоа беше единствениот момент на надеж за гостите.
Бајерн веднаш ја презеде контролата: во 30-тата минута Лус Дијаз донесе водство од 2-1, а потоа почна спектаклот на Олисе. Францускиот крилен напаѓач постигна два гола во 50-тата и 53-та минута, создавајќи хаос во одбраната на Волфсбург и враќајќи ги навивачите во времето на Робен.
Следуваше сензационалниот настап на Хари Кејн: во 68-та минута асистираше за 5-1, а веднаш потоа постигна уште еден гол од 15 метри за 6-1. Олисе потоа го постигна седмиот гол, а конечниот резултат од 8-1 го постави Горецка во 88-та минута.

