Баерн чекори кон четвртфиналето, Мбапе погоди за ПСЖ (Видео)

Баерн Минхен има предност од 2:0 против Лацио по првото полувреме од реванш-натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Првиот натпревар кој се играше во Рим заврши со минимален триумф на Лацио, но вечерва на „Алијанц арената“ во Минхен, играчите на Баерн доминираа во првото полувреме, имаа неколку одлични шанси и реализираа две во финишот од првиот дел.
Резултатот го отвори најдобриот стрелец на Баерн, Хари Кејн, во 39-тата минута.

 

Во последните моменти од првиот дел, Томас Милер ја зголеми предноста на Баерн на 2:0.

И на вториот натпревар кој се игра вечерва има постигнато еден гол во првото полувреме. ПСЖ, кој во Сан Себастијан допатува со два гола предност, води со 1:0 против Реал Сосиедад и го делат само 45 минути од пласман меѓу осумте најдобри во елитното клупско натпреварување.

Стрелец на голот за ПСЖ беше Килијан Мбапе во 15-тата минута.

kejn

 

- Оглас -

Најнови вести