Баерн, Челзи и ПСЖ се колнат во традицијата

1008 Тотенхем – Челзи (14.30 часот)

Домашните во оваа лондонска битка влегуваат како тим кој е во подобра форма. Ако се погледат претходните четири кола од Премиер лигата, ќе се види дека Тотенхем има три победи, а Челзи ниту една. Петлите се четврти, се борат за место во ЛШ, а Сините се дури десетти, со 11 бода помалку од Тотенхем и само осум победи во 23 кола, во кои и даваа и примаа по 23 гола, значи во просек, Челзи на секој меч дава и прима по еден гол. Тотенхем е многу поефикасен. Но, Тотенхем уште од 2018 година не знае за победа над Челзи.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.30)

 

3144 Динамо З. – Хајдук (15.00 часот)

Најголемото хрватско дерби знае да биде и пресудно во битка за титула, но сезонава Динамо е доминантен, дури и да загуби денеска од Хајдук, би имал пет бода плус и еден меч помалку. Ова се двете најефикасни екипи во Хрватска, па би требало да има голови и тоа барем два. Последниот нивен дуел на „Максимир“ заврши 4-1 за Модрите.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

1809 Баерн – Унион Берлин (17.30 часот)

Ова е дерби на Бундеслигата, ако има победник, тој тим ќе се изедначи со Дортмунд на чело на табелата. Баерн има само два порази сезонава, а едниот во минатото коло. Унион уште од ноември не знае за пораз, но традицијата е целосно на страна на Баварците и тоа исклучува двојка кај овој пар. Баерн никогаш не загубил од Унион Берлин. Во септември во Берлин, беше 1-1.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (1.84)

 

1710 Марсеј – ПСЖ (20.45 часот)

За Марсеј, ова дерби може да биде клучно за шампионските амбиции. ПСЖ им бега пет бода, па тимот од југот на Франција не смее да си дозволи пораз. Голем плус за Марсеј е што неодамна го победија истиот противник во купот, видоа дека можат, но парижаните кај кои ќе го нема Нејмар, сега ќе бидат помотивирани. Во првенствени мечеви, Марсеј на „Велодром“ уште од 2011 година нема победа над ПСЖ.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.30)

 

3006 Милан – Аталанта (20.45 часот)

Милан има две победи по ред, вечерва дома оди по третата во низа. Аталанта има два порази во последните три кола, па сега малку заостанува во трката за местата кои водат во ЛШ. Сепак, Божицата е само три бода зад Росонерите, па со победа, пак биде нашле пред Милан во трката за првите четири места. Традицијата не кажува многу, на последните три дуели на „Сан Сиро“, еднаш било нерешено, а по еднаш победиле двата тима, и секогаш паѓале два до три гола. Во август во Бергамо беше 1-1.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

- Оглас -

Најнови вести