Германскиот првак Баерн Минхен убедливо со 3:0 го победи Фрајбург во меч од седмото коло во Бундеслигата, а посебно ќе се памти погодокот што го постигна Кингсли Коман за водство од 1:0.
Се играше 12 минута кога Коман продре по десната страна и изненадувачки шутираше толку прецизно што го матираше гостинскиот голман.
KINGSLEY COMAN WITH AN ABSOLUTE GOLAZO!!!!pic.twitter.com/jDXOUnLRKH
— Football Report (@FootballReprt) October 8, 2023
Токму овој погодок на Коман беше најава дека трите бода ќе останат во Минхен. Лирој сане погоди за 2:0 во 25 минута, а погодокот за 3:0 повторно беше дело на Коман, но овојпат погодокот не беше толку атрактивен како првиот гол.
По седум одиграни кола Баерн Минхен сега има 17 бодови, колку што има и Борусија Дортмунд. Пред нив се лидерот Баер Леверкузен со 19 бодови и Штутгарт со 18 бодови.