26.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Баерн демантираше дека води преговори со Челзи за Николас Џексон

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, го демантираше интересот на клубот за напаѓачот на Челзи, Николас Џексон.

„Билд“ објави дека Баерн испратил понуда за 24-годишниот сенегалски репрезентативец, чија вредност во клубот е проценета на околу 65 милиони евра.

„Апсолутно не. Никогаш не сме разговарале за него. Задоволни сме од сегашниот состав на Баерн, иако останува уште речиси еден месец од преодниот рок и сè е можно. Ќе видиме што се случува околу нас и ќе реагираме доколку е потребно“, изјави Макс Еберл.

Во исто време и Њукасл покажува сериозен интерес, барајќи замена за напаѓачот Александар Исак, кој сака да замине од клубот.

Италијанските гиганти Милан и Јувентус исто така ја разгледуваат можноста за ангажман на Џексон.

Иако напаѓачот преферира да остане на „Стемфорд бриџ“, по пристигнувањето на Лијам Делап и Жоао Педро, позицијата на Џексон во тимот станува сѐ помалку сигурна.

- Оглас -

Најнови вести