Хари Кејн се наоѓа на излезни врати од Тотенхем, откако одби да потпише нов договор и иако се очекуваше нова станица во кариерата да му биде Бундеслигата, односно Баерн Минхен, денеска во трката по неговиот потпис се влучи и ПСЖ.
Францускиот шампион се помири со податокот дека ќе остане без Килијан Мбапе и затоа се вклучи во трката по Кејн.
Според француските медиуми, тренерот Луис Енрике дал зелено светло за овој трансфер, по што претседателот Насер Ал-Келаифи подготвува понуда тешка 100 милиони евра.
Идентична понуда подготвува и Баерн Минхен откако првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, ги одби првите две понуди тешки 70 и 80 милиони евра. Баерн веќе ги договорил личните услови со Кејн, но со вклучувањето на ПСЖ во трката, работите може да се променат преку ноќ.