Баерн договори сензационален трансфер

Автомобилскиот гигант БМВ и минхенски Баерн постигнаа договор за спонзорство вреден дури 800 милиони евра за 10 години.

Најголемиот германски фудбалски клуб досега добиваше по 30 милиони евра годишно од „Ауди“, но решија да почнат соработка со друг производител на автомобили, кој ќе им дава дури по 80 милиони на годишно ниво, што е речиси трипати повеќе од парите кои ги даваше „Ауди“.

БМВ ќе биде спонзор и на кошаркарскиот клуб Баерн, кој се натпреварува во Евролигата. Затоа салата на Баерн, „Ауди дом“, од први јули ќе добие ново име. Договорот помеѓу БМВ и Баерн ќе стапи на сила во 2020 или во најлош случај во 2021 година.

Баерн е еден од ретките гиганти во светскиот фудбал кој нема долгови, а новата финансиска инјекција може да им помогне при носењето големи засилувања во следните години. Најзаслужен за носењето на БМВ е некогашниот голман Оливер Кан, кој за две години би требало да стане претседател на клубот.

- Оглас -

Најнови вести