Баерн договори засилување од Чемпионшип, а допрва следува „бомба“

Баерн Минхен го осигури потписот на 22-годишниот бек на Ридинг, Омар Ричардс, кој следното лето ќе се пресели на „Алијанц арената“ без отштета. Ричардс доаѓа како слободен играч со оглед на тоа дека по крајот на сезоната му завршува соработката со англискиот второлигаш, а со европскиот првак потпиша четиригодишен договор.

Од претходно Баварците го договорија Дајо Упамекано од Лајпциг, кој ќе биде замена за Давид Алаба, меѓутоа германскиот гигант нема тука да застане. Наводно, веќе се почнати преговори со Наполи околу Калиду Кулибали, за кого Баерн е подготвен да издвои до 45 милиони евра.

Сенегалскиот стопер до крајот на сезоната ќе наполни 30 години, што е една од причините што цената му опаѓа иако порано Наполи бараше и до неверојатни 100 милиони евра за својот најдобар дефанзивец. Воедно Наполитанците се во финансиска загуба поради пандемијата со корона-вирусот, па се верува дека и половичната цена ќе биде доволна за да го пуштат Кулибали во Минхен.

- Оглас -

Најнови вести