Баерн дојде на три бода од нова титула

Баерн Минхен триумфираше со 3-0 на гостувањето кај Арминија, и дојде на чекор до нова бундеслигашка титула.

Баварците на четири кола до крајот на сезоната, имаат девет бода повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд, па уште во следното коло токму против Борусија, најтрофејниот германски клуб би можел да си ја обезбеди новата титула, десетта по ред.

Ова е утеха за Баерн после неочекуваната елиминација во Лигата на шампионите. Мечот во Билефелд беше само деветти сезонава на кој Роберт Левандовски не даде гол.

- Оглас -

Најнови вести