Баерн донесе конечна одлука, минатата година го избрка, а сега на коленици ќе го моли да се врати

Управата на Баерн Минхен донесе конечна одлука – тренер од следната сезона да биде Јулијан Нагелсман.

Иако изминатите месеци се шпекулираше со имињата на Роберто де Ѕерби, Унаи Емери, Чаби Алонсо, Жозе Мурињо, Зинедин Зидан, Ханси Флик, „Скај Германија“ тврди дека дека челниците на баварскиот тим одлучиле Нагелсман да се врати на клупата.

Со оваа одлука, управата на Баерн ја призна грешката која ја направи во март минатата година, кога му врачи отказ на Нагелсман бидејќи не ги известил дека за време на репрезентативната пауза заедно со девојката заминале на скијање во Австрија.

Германските медиуми шпекулираа и дека Нагелсман не бил во добри односи и со дел од „сенаторите“ на клубот, како Томас Милер, кој се жалел на третманот што го имал од младиот тренер.

Тие на негово место го донесоа Томас Тухел, кој се покажа како големо промашување. Минатата година во последното кол,о и тоа благодарение на киксот на Борусија Дортмунд, ја освоија титулата, а оваа сезона Баер Леверкузен на пет кола до крајот веќе ја освои титулата.

Но, неговото ангажирање нема да оди лесно бидејќи Нагелсман е актуелен селектор на германската репрезентација, со која летово ќе атакува на титулата на Европското првенство. Згора на тоа, челниците на Фудбалската федерација на Германија се задоволни од неговата работа и веќе му понудија продолжување на договорот и сакаат репрезентацијата да ја води и на Светското првенство кое ќе се одржи 2026 година.

Управата на Баерн се надева дека преговорите со агентот на Нагелсман ќе бидат успешни и 36-годишниот тренер ќе се согласи да потпише тригодишен договор и да се врати на „Алијанц арената“.

- Оглас -

Најнови вести