25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Баерн дозна колку треба да плати за наследникот на Флик

Баерн Минхен по крајот на сезоната ќе треба да најде нов тренер бидејќи Ханси Флик најави заминување од клупата. Засега едно име на стратег од Бундеслигата се споменува како потенцијален наследник на Флик, а тоа е Јулијан Нагелсман.

Предводникот на Лајпциг неодамна демантираше каков било контакт со управата на актуелниот европски и германски првак, односно посочи дека планира да го испочитува до крај договорот со франшизата на Ред Бул, кој му важи до јуни 2024 година. Сепак, од таборот на Лајпциг се свесни дека постојат шанси за Нагелсман да се пресели кај баварскиот гигант, по што ја одреди цената за овој потенцијален ангажман.

Дури 20 милиони евра Баерн ќе треба да издвои за да ги добие услугите на Нагелсман, што за шампионот е апсурдна сума ако се знае дека толку не плати за потписот на Роберт Левандовски или пак за Леон Горецка, кои дојдоа на „Алијанц арената“ како слободни играчи.

 

- Оглас -

Најнови вести