Баерн е фаворит против Милионерите, а понеизвесно ќе биде римското дерби, велат обложувачите на Спортската прогноза

Новото, 27-мо коло на Спортската прогноза е во тек и љубителите на обложувањето имаат уште еден ден да ја одиграат својата омилена бесплатна игра. И овојпат во понудата се 13 натпревари од најсилните европски лиги, а целта е да се стигне до посакуваната Среќна 13-ка.

Во Бундеслигата се игра дербито меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, а обложувачите многу повеќе му веруваат на баварскиот гигант. И двата тима имаа натпревари во Лигата на шампионите, па треба да се види како ќе го одиграат германското дерби.

Во Серија А се игра римското дерби меѓу Лацио и Рома. Двата тима се борат за излез на европска сцена, сѐ уште можат да стигнат и до позиција која води во ЛШ следната сезона, а победа на градското дерби секако е престиж.

Освен овие, во понудата има уште 11 натпревари, а сите што ќе погодат 13 фикса ќе имаат можност да изберат една од следните награди: Samsung 55” 4K Смарт ТВ, Xiaomi електричен тротинет или PlayStation®5. За 12 погодени натпревари следува ваучер од 1.000 денари, а за 11 – ваучер од 500 денари за користење во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести