Баерн е фудбалска машинерија, веќе пет години не знае за пораз во групната фаза во ЛШ

Фудбалерите на Баерн убедливо ја совладаа Викторија П’лзењ во третото коло во Лигата на шампионите со 5:0 и поставија нов рекорд во елитното натпреварување.

Германскиот шампион е без пораз на 31-виот меч во групната фаза, што е најдолга серија во историјата. До дуелот со чешкиот тим, Баерн и Реал Мадрид, имаа серија од 30 дуели без пораз во групната фаза.
Последниот пораз на Баерн во групната фаза во ЛШ му го нанесе ПСЖ (3:0) на 27 септември 2017 година, а оттогаш оствари дури 28 победи и само три ремија.

Исто така, тоа беше десетта победа по ред на Баерн во групната фаза во ЛШ, што исто така е рекорд.

Последен пат Баварците ја освоија Лигата на шампионите во 2020 година, кога во финалето во Лисабон славеа со 1:0 против ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести