Баерн е казнена експедиција, Гројтер тргна да му даде гол и веднаш доби казна (Видео)

Неверојатен капацитет за трансформација од грешка во одбраната до брз контранапад за гол покажаа фудбалерите на Баерн Минхен против новиот германски прволигаш во премиерниот меч од шестото коло во Бундеслигата.

Играчите на Гројтер фурт тргнаа да ја казнат грешката на Леон Горецка, но веднаш добија казна и примија гол на спротивната страна. Токму Горецка со корекција на киксот во опасната зона го почна контранападот што изгледаше како од фудбалските учебници, а гол во 10. минута постигна Томас Милер.

Интересно е што токму тој постигна погодок против Гројтер фурт во меч од купот на Германија пред една деценија, кога Баерн победи со 6:2.

Во 31. минута Баерн постигна уште еден гол, стрелец беше Џошуа Кимих, а Баварците веќе водат со 2:0 на гостувањето во Фурт.

 

- Оглас -

Најнови вести