1805 Вердер – Баерн Минхен (15.30 часот)
Баерн Минхен е машина за голови под раководство на Винсан Компани. Тој форсира агресивен и напаѓачки фудбал и бара од напаѓачите да стрелаат сѐ додека можат. Го почувствува тоа најдобро Динамо Загреб во ЛШ, а денеска ќе го почувствува и Вердер. Баерн ќе победи, и тоа убедливо.
Предлог тип: 2 & 3+ (1.68)
1007 Тотенхем – Брентфорд (16.00 часот)
Тотенхем има два порази по ред во Премиер лигата, а едвај победи и против Ковентри во Лига купот. Тимот на Постекоглу ќе мора да реагира на вистински начин, па иако Брентфорд не е тим за потценување, се очекува триумф на лондонскиот состав. На овој меч ќе има најмалку три гола.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.06)
1005 Ливерпул – Борнмут (16.00 часот)
Ливерпул доживеа неочекуван пораз од Нотингем Форест во минатото коло од Премиер лигата, но потоа се рехабилитира со триумф против Милан во Лигата на шампионите. Составот на Арне Слот сега ќе мора да продолжи победнички доколку не сака да заостане зад конкурентите на врвот. Очекувањата се дека ќе има голови на овој меч, а типуваме дека ќе има најмалку еден, а најмногу три, во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.74)
3004 Јувентус – Наполи (18.00 часот)
Новиот Јувентус игра добро под раководство на Тијаго Мота, но денеска во Торино се враќа Антонио Конте, кој сега го предводи Наполи. Очекувањата се дека двете екипи ќе играат внимателно и дека Јувентус нема да загуби.
Предлог тип: 1X & 1-3 (2.02)
1634 Го Ахед Иглс – Ајакс (20.00 часот)
Ајакс оваа сезона ја врати самодовербата и игра добро, иако му беа одложени дел од натпреварите во Ередевизие поради штрајк на полицијата. Но, од друга страна, тоа значи повеќе одмор и повеќе време за подготовка.
Го Ахед Иглс не е тим што може да го сопре Ајакс да победи, а двојката се плаќа навистина добро.
Предлог тип: 2 (1.82)