6973 Ал-Ахли – Баерн Минхен (19ч)
Баерн Минхен од 2013 година чека на светска титула, а сега европскиот првак го делат уште 180 минути од втора титула во планетарното клупско натпреварување на ФИФА. Вечерва Баварците првпат ќе се сретнат со африканскиот шампион Ал-Ахли, а според квалитетот на двете екипи, Баерн е огромен фаворит.
Негувајќи го типичниот германски офанзивен фудбал, Баерн ќе сака на сигурен начин да ја обезбеди победата, но со оглед на тоа дека финалето е закажано за 11 февруари, избраниците на Ханси Флик нема максимално да се трошат. Сепак, големи се шансите за мрежата на Ал-Ахли да се затресе барем трипати.
Предлот тип. Т2 3-5 (1.88)
1353 Атлетико Мадрид – Селта Виго (21ч)
Реал и Барса триумфираа, па дојде редот и на Атлетико Мадрид да ги освои трите бода и повторно да се одлепи на +10 бода предност во однос на главните конкуренти за титулата. Јорганџиите се во одлична серија од осум последователни победи во шпанското првенство, а шансите за деветти триумф во низа се многу големи.
Селта со катастрофална форма од четири порази и две ремија гостува на „Ванда Метрополитано“, а како гостин кај Атлетико се нема радувано на победа од јуни 2007 година во лигашки рамки. Атлетико во последните пет меѓусебни средби како домаќин триумфираше во четири наврати и прими само два гола, додека над два погодоци е просекот кој го бележи тимот на Симеоне против оваа екипа.
Предлог тип: 1 & T12+ (2.14)
1101 Лидс јунајтед – Кристал палас (21ч)
Со слична форма Лидс и Кристал палас влегуваат во овој меч во којшто императив на двете екипи ќе биде да се освојат трите бода. Избраниците на Бјелса на чело со Езѓан Алиоски немаат остварено победа на домашен терен во 2021 година, по што време е работите да се сменат.
Палас на „Еланд роуд“ се радувал на победа во далечната 1997 година, а во рамките од Чемпионшип лигата и ЕФЛ купот во минатата деценија, Орлите загубија пет гостувања во низа. Лидс воедно ќе сака да се реваншира за тешкиот пораз што му го нанесе Кристал палас во првата овосезонска пресметка со 4-1.
Предлог тип: 1X & 2>1 (2.75)
1537 Бенфика – Фамаликао (20ч)
Бенфика полека се простува од титулата во Португалија, па нова цел е да се избори пласман во Лигата на Европа, евентуално доколку се стигне Порто да има битка за местото кое води во Лигата на шампионите.
Лисабонските Орли врзаа четири меча без победа во шампионатот, во кои еден пораз претрпе од лидерот Спортинг, а ремизираше со лутиот ривал Порто. Со евентуална победа вечерва, Бенфика може да избие на третата позиција на табелата, односно да се израмни со Брага по бројот на бодови.
Предлог тип: 1-1 (1.77)
1321 Луго – Еспањол (21ч)
Еспањол со двата врзани порази од Рајо и Жирона се оддалечи од првото место на табелата во Сегунда на кое стои Мајорка со шест бода предност. Можеби до крајот на сезоната Еспањол ќе се врати во игра за да биде шампион на Втората лига, но засега поважно е да се брка второ место на Алмерија бидеќи разликата е само еден бод.
Тимот од Барселона во обид експресно да се врати во елитата, ќе мора да воспостави победнички ритам и вечерва да слави на гостувањето кај Луго. Првата овосезонска средба му припадна на Еспањол со 2-1, па има шанси исходот да се повтори вечерва во корист на гостите.
Предлог тип: X2 & 2-4 (1.96)