Баерн е подготвен да го урне клупскиот рекорд за да го купи Флоријан Вирц

Германскиот гигант Баерн Минхен тргнува во офанзива по потписот на Флоријан Вирц и раководството на клубот веќе имало неколку средби со семејството на фудбалерот на Баер Леверкузен, тврди „Скај Германија“.


Баерн е подготвен да направи рекорден трансфер уште ова лето. Се претпоставува дека трансферот ќе биде вреден околу 150 милиони евра. Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге се главните фигури во овие преговори и ќе имаат клучна улога во потенцијалните разговори со Баер Леверкузен.

Сѐ уште нема договор за продолжување на соработката меѓу Баер и Вирц, што дополнително ги мотивира челниците на Баерн Минхен да ја финализираат зделката.
Сепак, од Баер Леверкузен остануваат уверени дека ќе го задржат барем до летото 2026 година.


Манчестер сити останува главен конкурент на Баерн Минхен, пред сѐ и затоа што семејството на Вирц сè уште не е наклонето кон преселба во Баерн.

- Оглас -

Најнови вести