Баерн е во големи проблеми, неколку фудбалери се под знак прашалник за дуелот со Реал

Баерн Минхен е во очекување на полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид на домашен терен. Тренерот на Баварците, Томас Тухел, се соочува со големи проблеми во пресрет на најзначајниот натпревар за нив оваа сезона.

„Има неколку одлуки кои ќе ги донесеме во последен момент, како што е случајот со Џамал и Лерој“, кусо коментираше Тухел.

Конрад Лајмер најверојатно ќе биде подготвен за настап, но Де Лихт и Упамекано нема да бидат подготвени да му се спротивстават на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести