Баерн го чека, а Кејн во дресот на Тотенхем направи хет-трик против Шахтар

Тотенхем и Шахтар имаат пријателски хуманитарен меч во Лондон, а оваа средба може да биде и последна за Хари Кејн во дресот на Петлите. Ако е така, како што посакуваат во Баерн Минхен, тогаш Кејн има феноменално збогување со клубот во кој се прослави.

Кејн постигна три гола против Украинците, првиот од пенал, потоа два од игра. Третиот гол на Кејн може да го видите ТУКА.

Баерн испрати 100-милионска понуда за Кејн, но од Тотенхем нема одговор, што некои го толкуваат како одбивање. Сепак, до крајот на преодниот рок може да се случи Кејн да си замине. Дотогаш, ќе продолжи да тресе мрежи во дресот на Тотенхем и ќе потсетува какво засилување би добиле Баварците ако Тотенхем се согласи за продажба.

- Оглас -

Најнови вести