Баерн го гледа Нкунку како идеална замена за Кингсли Коман

Германскиот првак Баерн Минхен покажува голем интерес за напаѓачот на Челзи, Кристофер Нкунку, кој се очекува да го напушти „Стемфорд бриџ“ ова лето.


Баварскиот клуб верува дека Нкунку е совршен профил за да го замени Кингсли Коман на крилната позиција, а разговорите за можен трансфер веќе се во тек.


Францускиот офанзивец е подготвен да се врати во Бундеслигата, а за него е заинтересиран и поранешниот клуб Лајпциг. Сепак, се чини дека Нкунку не би имал ништо против да го облече дресот на Баерн и да јуриша на трофеите во новата сезона.

Баерн Минхен подолг период преговара и со Штутгарт околу евентуалниот трансфер на младинскиот репрезентативец на Германија, Ник Волтемаде.

- Оглас -

Најнови вести