Баерн Минхен ќе ја плати отштетата од 80 милиони евра предвидена според клаузулата во договорот меѓу Лукас Ернандес и Атлетико Мадрид и францускиот репрезентативец зимаво ќе се пресели во Минхен.
Иако од Атлетико негираат, од повеќе извори е потврдено дека стоперот на „јорганџиите“ и на француската репрезентација сигурно ќе го засили Баерн. Лукас има 22 години и може да игра и како лев бек, а со него не завршува операцијата подмладување на Баерн.
Според германските медиуми, потоа на ред е ангажман на најдобриот стрелец на Ајнтрахт Франкфурт и на Бундеслигата, Лука Јовиќ и неговиот соиграч Анте Ребиќ.
Баерн има еден од највозрасните состави во германското првенство.