Баерн го мерка Кејн, Тотенхем и Конте велат „нема шанси“

Хари Кејн се најде на врвот од списокот на потенцијални замени за Роберт Левандовски. Баерн Минхен наводно е заинтересиран за капитенот на Тотенхем, меѓутоа уште пред да се обиде да преговара околу евентуален трансфер, германскиот првак доби негативен одговор.

Наводно од таборот на Тотенхем се согласуваат со тренерот Конте дека не смее да се дозволи трансфер на Кејн, а дека клубот е сериозен во намерата, наскоро ќе се спроведе процедура за продолжување на соработката со англискиот голгетер.

Актуелниот договор на Кејн важи до јуни 2024 година, речиси секое лето медиумите го селат во поголем клуб, но тој останува верен на Петлите и се чини така ќе биде и во иднина.

- Оглас -

Најнови вести