Баерн го награди Ханси Флик со договор до 2023 година

Ханси Флик потпиша договор со Баерн до 2023 година, а резултатите што ги има со Баварците му беа силен аргумент за одлуката на Управата да му даде простор да биде кормилар на подолг рок.

Флик, кој го замени Нико Ковач и пристигна како привремено решение, со Баерн успеа одлично да се држи на три фронта, па договорот до 2023 година беше очекуван.

Баварците се лидери во Бундеслигата, се наоѓаат на прагот на четвртфиналето во Лигата на шампионите откако во првиот осминафинален дуел го декласираа Челзи на гостински терен со 3:0, а се најдоа и во полуфиналето на германскиот куп.

„Среќни сме што донесовме одлука Ханси Флик да остане подолг период во Баерн. Задоволни сме од резултатите и начинот на кој работи со екипата. Играме атрактивен фудбал, што ни носи резултати. Ние сме единствениот германски клуб што сè  уште игра на три фронта и веруваме дека ќе освоиме и трофеи во оваа сезона“, изјави Карл-Хајнц Румениге.

 

- Оглас -

Најнови вести